Развој на софтвер

Постојат неколку различни пристапи кон развој на софтвер. Некои имаат повеќе структуриран, инженерски пристап кон развој на бизнис решенија, додека други имаат инкрементален пристап – софтверот еволуира со развој на секој негов сегмент.

Повеќето методологии се базираат на комбинација на следните фази на развој на софтвер:

·         Истражување на пазарот

·         Одредување на барањата на предложеното решение

·         Анализа на проблемот

·         Разработка на план или дизајн за софтверското решение

·         Имплементација (кодирање) на софтверот

·         Тестирање

·         Поставување

·         Одржување и корекција на грешки

Овие фази се колективно одредени како процес на развој на софтвер - SDLC (Software Development Lifecycle). Различните пристапи кон развојот на софтвер имаат различен редослед на извршување на овие фази или пак посветуваат повеќе или помалку време на различна фаза. Исто така нивото на детали на документацијата која се продуцира во секоја фаза на развојот на софтвер се разликува кај различните пристапи.

Нашиот тим има искуство во:

·         Развој на наменски софтверски апликации за оптимизација на бизнис процеси.

·         Верификација на софтвер и SQA (Software Quality Assurance)

·         Експертски консултантски услуги посебно прилагодени за секој клиент

Новости

4ward.mk Бета

Следејќи го развојот на комплетно нов бренд идентитет на нашата компанија, направивме целосен редизајн и подобрување на функционалноста на нашиот веб сајт. »»

Новиот имиџ на нашиот бренд

Како што детето поминува низ различни фази од раѓање до адолесценција, така и секоја компанија поминува низ процес на развој. Низ својот развоен пат 4Вард растеше, а со тоа растеше и нашето знаење и експертиза. »»

Кариера во 4вард

Без разлика дали се пријавувате преку оглас за вработување или самоиницијативно, ние секогаш бараме таленти, иновативни луѓе кои се посветени на развој на себе си и стремење кон перфекција. Креирајте персонален профил и уплодирајте свое CVили ако веќе имате логирајте се и ажурирајте ги вашите информации

v4.0 Beta