Системска интеграција
Системската интеграција е спојување на компонентите на под-системите во еден систем и осигурување дека под-системите функционираат заедно како еден систем. Во информатичката технологија системската интеграција е процес на поврзување на различни компјутерски системи и софтверски апликации физички и/или функционално.
Систем интеграторот ги поврзува дискретните системи со користење на различни техники како компјутерски мрежи, интеграција на корпоративни апликации, менаџмент на бизнис процеси или програмирање.
Еден систем претставува збир од под-системи кои соработуваат со цел системот да ја добие својата целосна функционалност. Системската интеграција подразбира интегрирање (спојување) на постоечки (најчесто различни/неспоиви) под-системи. Секој под-систем има свои интерфејси. Интеграцијата подразбира спојување на под-системите со „лепење“ на нивните интерфејси. Ако не постои можност за директно спојување на интерфејсите, одреден „лепак“може да го обезбеди потребното поврзување. Системската интеграција го одредува „лепакот“ .
Системската интеграција за зголемува вредноста на системот со додавање на функционалности кои се можни само преку интеракција на под-системите.