Медиуми и комуникација

Секој реклама се спроведува до одредена (целна) публика преку соодветен медиум. Постојат повеќе комуникациски транспортни средства кои можат да ја пренесат вашата порака до целната публика користејќи ги различните медиуми како комуникациски автопати.

Во овој дух ако планирате да започнете со рекламна кампања во печатот, ваш автопат ќе бидат сите печатени медиуми – магазини, весници, огласници итн. Вашите транспортни средства ќе бидат печатени огласи или реклами. Ако планирате да започнете онлајн рекламна кампања вашиот автопат ќе биде интернет, а вашите транспортни средства анимирани банери, pop-up реклами, PPC огласи...

За да можете да ја пренесете вашата порака јасна и непроменета мора да имате вистински добар медиумски возач –  да ги разбирате различните видови на медиуми, нивните предности и ограничувања. Мора да ја познавате добро вашата целна публика и да ги познавате сите технички аспекти на вашето транспортно средство.

Ако имате што да кажете, ако го изберете го „вистинскиот пат“ и изберете добро транспортно средство би требало без проблем да ја испорачате пораката до соодветната публика.

Новости

4ward.mk Бета

Следејќи го развојот на комплетно нов бренд идентитет на нашата компанија, направивме целосен редизајн и подобрување на функционалноста на нашиот веб сајт. »»

Новиот имиџ на нашиот бренд

Како што детето поминува низ различни фази од раѓање до адолесценција, така и секоја компанија поминува низ процес на развој. Низ својот развоен пат 4Вард растеше, а со тоа растеше и нашето знаење и експертиза. »»

Кариера во 4вард

Без разлика дали се пријавувате преку оглас за вработување или самоиницијативно, ние секогаш бараме таленти, иновативни луѓе кои се посветени на развој на себе си и стремење кон перфекција. Креирајте персонален профил и уплодирајте свое CVили ако веќе имате логирајте се и ажурирајте ги вашите информации

v4.0 Beta