Outsourcing
Outsourcing е отстапување на активностите за извршување на одреден процес, како дизајн или производство на одреден производ, на друга компанија. Одлуката за outsourcing се донесува во интерес на намалување на трошоците или за подобро искористување на времето и енергетските трошоци, пренасочување или зачувување на енергија која се искористува во одредени процеси или за поефикасно искористување на земјата, работната сила, капиталот, (информатичката) технологија или ресурсите.
Outsourcing во основа е распределба на трудот. Outsourcing во полето на информатичката технологија има две значења. Едното е предавање на развојот на апликација на друга организација - компанија која е специјализирана за развој на ваков тип на апликации. Вториот е да се најмат услугите на друга компанија за да се организираат сите или дел од услугите кои инаку би се извршувале од ИТ одделот на компанијата.