Eazyio систем за раководење со содржина на веб
Нашиот веб CMS овозможува лесно внесување и презентирање (input/output) на информации на вашиот веб од каде потекнува и името eazyio (easy i/o). Eazyio е лесен за користење систем за раководење со содржина на веб, кој овозможува не-технички персонал да одржува и ажурира комплексни, повеќе-јазични веб сајтови. Стандардите за развој гарантираат развој на веб сајтови базирани на web 2.0 стандардите, општо прифатена семантика и засилена SEO (Search Engine Optimization).
Eazyio е базиран на Microsoft ASP.NET 3.5 framework и е комплетно AJAX оспособен. Овој веб CMS е комплетно веб базиран и до него се пристапува од било која локација со интернет пристап. Неговата модуларна градба им овозможува функционалност, флексибилност и скалабилност на нашите клиенти, со цел да ја постигнат сопствената визија. Со клиентите од интернационалниот пазар, локалните интернационални проектни канцеларии, владините агенции, невладиниот сектор и бизнис секторот, имаме портфолио кое го потврдува нашиот капацитет да им овозможиме на нашите клиенти да создаваат и објавуваат софистицирана содржина.
Основата на Eazyio е дизајнирана за брз, високо-квалитетен, модуларен развој. Ова ни овозможува да спроведуваме развој без ризици и со наменско прилагодување на финалниот пакет според потребите на клиентот. Ние не испорачуваме производи од полица. Секоја eazyio имплементација е уникатна и наменски подготвена според конкретната ситуација.
Eazyio веб CMS
Препознатлив кориснички интерфејс
Корисничкиот интерфејс е базиран на интерфејсот на Microsoft Office 2007. Ова обезбедува препознатливост на прв поглед и лесен пристап до сите опции на модулите.
Стандардизирана презентација на податоци
Eazyio може да ги подржи сите потребни стандарди: XHTML, HTML5, XHTML Mobile, PDF, CSS2, CSS3, JavaScript и многу повеќе.
Комплетна Контрола
Раководење со повеќе од само содржина: контрола на функционалноста, креирање кориснички групи и секој детаљ од вашата веб страна преку графички веб базиран интерфејс.
Поддршка за вашата содржина
Со својот флексибилен модел за раководење со содржината и за класификација на истата, Eazyio може да раководи и интелигентно да ја објавува секоја ваша содржина: rich media, текстови, документи, бази на податоци и повеќе.
Контекстуална Помош
Сеопфатна, професионална помош е интегрирана низ целиот систем.
Контрола на пермисии
Обезбедува чувство на безбедност за сите корисници и ја заштитува вашата содржина. Грануларната распределба на пермисиите за корисниците и корисничките ролји овозможуваат корисниците да го гледаат само она што им е дозволено за користење.
Сеопфатна функционалност низ повеќе платформи
Богатиот веб интерфејс работи беспрекорно на сите Windows и Mac околини, како и најразлични пребарувачки платформи вклучувајќи ги Firefox, Internet Explorer или Safari. Изборот е ваш.