Архитектура на информации / дизајн на корисничко искуство
Вашиот веб сајт претставува интерфејс кој му овозможува на посетителот да дојде до информации за вашата компанија, производ и/или услуги или да дозволи интеракција и размена на информации.
Архитектура на информации и корисничкото искуство се дисциплини кои дефинираат како информациите се организирани на вашиот веб сајт и како посетителот ја перципира таа информација.
Што е архитектура на информации?
Архитектурата на еден веб сајт може да се опише како интелектуална дисциплина за организирање на содржината на веб сајтот. Работење на архитектура на веб сајт е слично на работење на архитектурата на една зграда. Двете се комплексни дисциплини кои се базираат на технички, естетски и функционални критериуми. Како и традиционалната архитектура, архитектурата на веб сајт е фокусирана на потребите на корисникот.
Веб дизајн, наспроти архитектура на веб сајт ги опфаќа практичните задачи - дел графички и дел технички, во процесот на дизајн и публикување еден веб сајт. Разликата може да се дефинира со споредба на активностите за уредување на еден весник или магазин и негово графичко дизајнирање и активностите за печатење. Но врската меѓу уредничките активности и продукцијата се многу поблиски за веб публикациите отколку за принт публикациите.
Зошто корисничкото искуство е важно?
Скоро секој посетител на еден веб сајт има одредена цел при посетување на сајтот. Вие секако сакате да им овозможите на посетителите да ги постигнат своите лични цели и да имаат исполнувачко искуство за време на посетата. Вашиот сајт може да биде посетен од различни групи на луѓе што значи треба да поддржи различни типови на кориснички искуства.
Ако обезбедите позитивни искуства за повеќето од посетителите на вашиот веб сајт вие директно ја зголемувате стапката на конверзија на тој сајт.
Која е правилниот начин да се постават и организираат информации на веб сајт?
Не постои правилен начин. Секогаш постојат повеќе опции, па одбирањето на најдобрата е прашање на споредба на различни фактори, вклучувајќи ги целите на корисниците, променливите на работната околина (како што се брзина на пристап и резолуција на екранот), техничка архитектура, време и труд, компатабилност со пребарувачи, логика и разумна логика.
Како можеме да ви помогнеме?
Ние можеме да работиме со вас на:
· Идентификување на вашата целна публика, дефинирање на нивното однесување, предвидување на нивните потреби и шаблони на користење, дефинирање на техничките ограничувања и увид во трендовите и тенденции на локалниот пазар.
· Помош при визуелизирање на вашата веб сајт архитектура.
· Имплементација на стекнатото знаење во дизајнот на нацртот за вашиот нов веб сајт.
· Да понудиме насоки и модели според најдобри практики за понатамошно развивање на архитектура на вашиот веб сајт.