Е-комерц

Е-комерц решенијата се нешто повеќе од очигледното – купување и продажба на производи он-лајн. Кога ќе се донесе одлука да се прошири еден пазар за да се достигне одредена интернет публика потребни се сеопфатни подготовки.

Голем број на фактори го предодредуваат патот кој треба да се помине за да се постави ендна он-лајн продавница за вашите понуди. Треба да се започне со дефинирање на типот на производите кои ќе ги продавате и/или типот на услугите кои ќе ги нудите. Производите можат да бидат со ниска цена, но со голема обем на продажба или со висока цена и лимитиран обем на продажба – истото важи и за услугите. Ова се рефлектира на инструментите за спроведување на една трансакција - типот на процесирање кое ќе го користите за минимизирање на трошоците за трансакцијата.

Се на се поставувањето на он-лајн продавница е повеќе од поставување на каталог на производите/услугите и конфигурирање на е-кошничката. Потребно е сеопфатно планирање и подготовка.

Како можеме ние да Ви помогнеме?

Ние можеме да работиме со вас на:

·         Асистирање при дефинирање на производите/услугите и моделот на продажба.

·         Помош при селекција на банка за вашата сметка и соодветен процесор на кредитни картички.

·         Прилагодување на каталогот на производи/услуги.

·         Подготовка на e-комерц решение изработено за вашите специфични потреби.

·         Следење и прилагодување на процесот и опциите.

Новости

4ward.mk Бета

Следејќи го развојот на комплетно нов бренд идентитет на нашата компанија, направивме целосен редизајн и подобрување на функционалноста на нашиот веб сајт. »»

Новиот имиџ на нашиот бренд

Како што детето поминува низ различни фази од раѓање до адолесценција, така и секоја компанија поминува низ процес на развој. Низ својот развоен пат 4Вард растеше, а со тоа растеше и нашето знаење и експертиза. »»

Кариера во 4вард

Без разлика дали се пријавувате преку оглас за вработување или самоиницијативно, ние секогаш бараме таленти, иновативни луѓе кои се посветени на развој на себе си и стремење кон перфекција. Креирајте персонален профил и уплодирајте свое CVили ако веќе имате логирајте се и ажурирајте ги вашите информации

v4.0 Beta