Развој и интеграција на наменски апликации
Ние работиме заедно со нашите клиенти за да ги идентификуваме нивните потреби и да го дефинираме најдобриот пристап за решение на проектот. Креираме работни групи и ги мотивираме нашите клиенти да останат вклучени во текот на целиот циклус на развој на софтверот SDLC (Software Development Lifecycle), вреднувајќи го времето на нашиот клиент како што го вреднуваме и нашето.
За време нашето постоење нашиот тим се специјализираше во различни области на експертиза, обезбедувајќи за нашите клиенти со високо квалитетни услуги во:
· .NET програмирање
· Развој на бази на податоци
· Развој на веб апликации и интеграција
· Архитектура на информации
Врз основа на потребите одредени од работната група и типот на софтвер кој ќе се развива го одредуваме најдобриот пристап за раководење со процесот на развој на софтвер. Повеќе структурирани т.н. waterfall (водопад) методи се обидуваат да ги предвидат сите ризици и да развијат детален план за софтверот пред да започне имплементацијата (кодирањето) и да се избегнат позначителни промени во дизајнот, а со тоа и пре-кодирање во подоцнежните фази на процесот на развој на софтверот. Така наречените „екстремни“ методи за развој на софтвер предлагаат континуирано тестирање низ процесот на развој при што се добива работна (без грешки – bugs) верзија од производот во секоја фаза.
Во изминатите години ние развивме повеќе наменски софтвери за наши клиенти како и производи понудени на пазарот од нашата компанија. Ова го докажува нашата експертиза во раководење на комплексни и долгорочни проекти со различни пристапи на проектен менаџмент.
Нашиот тим за развој има значајно искуство со различни технологии, вклучувајќи:
· Веб развој: AJAX, JavaScript, jQuery, Flash, XML
· .NET: C#, SQL Server