Ревизија на софтвер & SQA
Воспоставувањето на стандарди и процедури за развој на софтвер е од критично значење бидејќи тие ја обезбедуваат основата на која софтверот се развива. Стандардите се воспоставени критериуми со кои софтверските производи се споредуваат. Стандардите и процедурите ги дефинираат пропишаните методи за развој на софтверот; улогата на SQA (Software Quality Assurance) е да обезбеди соодветно следење на овие стандарди.
Во основа SQA техниката претставува ревизија, која го надгледува процесот и/или производот во детали, споредувајќи ги со зададените стандарди и процедури. Ревизијата се користи за да се проверат менаџерските, техничките и процесите за проверка и да обезбеди наоди за квалитетот и статусот на софтверскиот производ.
Вредноста на тестирањето на еден софтвер во однос на перформансите на една компанија и репутацијата на истата се немерливи. Грешки во продукцијата и одложување на испораката можат да го намалат профитот, да ја загрозат компетитивноста и да наштетат на лојалноста на клиентите. Потпирајќи се на нашата експертиза ние можеме да работиме со вас на максимално зголемување на вредноста на вашите IT инвестиции, интегрирање на нови IT вредности и приод кон квалитетот од бизнис перспектива.
Раководење со квалитет и тестирање како процеси бараат длабоко разбирање на индустриите на нашите клиенти и нивните специфични потреби. За да ги поддржиме потребите на нашиот клиент за раководење со квалитетот ние имаме развиено мрежа од партнерства со технолошки и раководствени експерти.