Интеграција на апликации за раководење со деловни процеси во претпријатија
Типична ситуација во една компанија е апликациите за водење на критични деловни процеси да бидат набавени од различни производители. Овие независни апликации вообичаено се нарекуваат острови на автоматизација или информатички силоси. Недостигот на комуникација помеѓу овие апликации води кон неефикасност при што идентични податоци се зачувуваат на повеќе локации и наједноставните процеси е невозможно да се автоматизираат.
Интеграцијата на апликации за раководење со деловни процеси во претпријатија (Enterprise Application Integration – EAI) претставува рамка составена од колекција на технологии и услуги кои создаваат т.н. middleware или софтверски посредник кој овозможува интеграција на системите и апликациите во целото претпријатие.
Апликациите за раководење со ланец на достави(за раководење со залихата и испораката), апликациите за раководење со база на потрошувачи – CRM (Customer Relationship Manager – за раководење со постоечки и потенцијални потрошувачи), ERP (Enterprise Resource Planning) апликациите и други видови на апликации (како на пример за раководење со човечки ресурси или здравствени податоци, интерни комуникации и сл.) вообичаено не можат да комуницираат помеѓу себе со цел да разменуваат податоци или деловни правила.
Интеграција на апликации за раководење со деловни процеси во претпријатија (ЕАI) е процес на поврзување на апликациите во една организација со цел да ги поедностави и автоматизира бизнис процесите до највисока можна граница, додека во исто време го намалува времето за правење промени во постоечките апликации или структури на податоци.
Заедно со нашите партнери имаме искуство во интегирани решенија за подржување на критични деловни процеси во полето на:
· ERP (enterprise resources planning)
· CRM (customer relationship management)
· CM (content management)
· Simple Document Management