Инфраструктура и безбедност

Кога ќе започнете со трансформација или оптимизација на еден деловен процес со имплементација на софтверски решенија, промените мора да бидат подржани со поедноставување и оптимизирање на ИТ инфраструктурата, усовршување на функционалноста и планирање за идни технологии.

Нашиот тим за инфраструктурни услуги има искуство во:

·         Стратегии за развој на податочни центри

·         Консолидација на Microsoft серверски решенија

·         Рационализација на капацитети за зачувување на податоци и раководење со животен тек на информации

·         Оптимизација на трошоци за мрежна инфраструктура

·         Интеграција на апликации за претпријатие

Нашиот тим за ИТ инфраструктури работи со различни добавувачи на ИТ техника(Fujitsu-Siemens, IBM, Microsoft, etc.) за да обезбеди одржливо и исплатливо решение за поддршка на деловните процеси на нашите клиенти.

 

Безбедност

Информацијата во денешно време е препознаена како главно средство кое го поседувано било која организација, но заканите и нападите на ова важно средство се зголемуваат секојдневно.

Ние работиме на зголемување на безбедноста на ИТ инфраструктури, апликации и податоци; нашите услуги вклучуваат ипроценка на безбедносната ситуација, развој на стратегија и планирање, архитектура и дизајн, имплементација.

Во ова време на зголемување на он-лајн ризикот, за секој веб сајт од голема важност е имплементацијата на SSL (Secure Socket Layer) сертификат кој овозможува највисоко ниво на заштита на повеќето посетители на страната. Заедно со нашите партнери работиме на имплементација на SSL сертификати за обезбедување на сигурен трансфер на податоците во рамките на претпријатието или кон и од вашиот веб сајт.

Новости

4ward.mk Бета

Следејќи го развојот на комплетно нов бренд идентитет на нашата компанија, направивме целосен редизајн и подобрување на функционалноста на нашиот веб сајт. »»

Новиот имиџ на нашиот бренд

Како што детето поминува низ различни фази од раѓање до адолесценција, така и секоја компанија поминува низ процес на развој. Низ својот развоен пат 4Вард растеше, а со тоа растеше и нашето знаење и експертиза. »»

Кариера во 4вард

Без разлика дали се пријавувате преку оглас за вработување или самоиницијативно, ние секогаш бараме таленти, иновативни луѓе кои се посветени на развој на себе си и стремење кон перфекција. Креирајте персонален профил и уплодирајте свое CVили ако веќе имате логирајте се и ажурирајте ги вашите информации

v4.0 Beta