Графички дизајн и DTP

Секој дизајн кој се објавува во јавноста, а гоноси вашето лого, претставува канал за комуникација со вашата (постоечка и потенцијална) публика. Тој може да мотивира некој да посака да помине време со вас, може да му даде на вашиот бренд призвук на авторитет и доверба, да обезбеди основа за прикажување на вашата работа и да обезбеди ефикасна комуникација на вашиот бренд.

Ние работиме заедно со нашите клиенти за да ја разбереме подобро нивната област на дејност, нивната индустрија и нивниот целен пазар. На база на нашиот увид развиваме комуникациска стратегија која служи како основа(скелет) околу кој развиваме естетски, но ефективни дизајни.

Нашиот тим за графички дизајн ја базира својата работа на моменталните трендови и технологии. Ние им обезбедуваме на нашите клиенти креативни решенија блиски до нивната целна публика, но во исто време во духот на целниот пазар. Ние имаме експертско познавање од најновиот 2D и 3D софтвер и долгорочно искуство со печатени медиуми, процеси за печатење (дигитален, офсет, сито печат), креативна дирекција, фотографија, типографија, продукција и различни техники за печатење и завршна обработка.

 

Како можеме да ви помогнеме?

Можеме да работиме со вас на:

·         Веб дијан

·         Дизајн на рекламни материјали (реклами за весници и магазини, билборди, постери...)

·         Илустрации

·         Дизајни за корпоративен идентитет

·         DTP (техничко уредување на магазини, дизајн на брошури...)

·         Фотографија (колор корекција, дигитално ретуширање)

Новости

4ward.mk Бета

Следејќи го развојот на комплетно нов бренд идентитет на нашата компанија, направивме целосен редизајн и подобрување на функционалноста на нашиот веб сајт. »»

Новиот имиџ на нашиот бренд

Како што детето поминува низ различни фази од раѓање до адолесценција, така и секоја компанија поминува низ процес на развој. Низ својот развоен пат 4Вард растеше, а со тоа растеше и нашето знаење и експертиза. »»

Кариера во 4вард

Без разлика дали се пријавувате преку оглас за вработување или самоиницијативно, ние секогаш бараме таленти, иновативни луѓе кои се посветени на развој на себе си и стремење кон перфекција. Креирајте персонален профил и уплодирајте свое CVили ако веќе имате логирајте се и ажурирајте ги вашите информации

v4.0 Beta