Развој на софтвер

Ако сакате да ги намалите трошоците, да го подобрите квалитетот, обезбедите пристап до експертско знаење за да му дозволите на вашиот персонал да се фокусира на вашиот „core“ бизнис, во тој случај дефинитивно размислувате за outsourcing на одредени процеси (кои бараат ресурси и знаење) на надворешен соработник.

Вообичаено за компаниите е да имаат свој ИТ сектор, но нивото експертиза на вработените во тој сектор може да варира во зависност од интерната развојна политика. Вашите ИТ вработени можеби имаат познавање за одржување на вашата мрежна инфраструктура, одржување на бази на податоци, одржување и конфигурирање на апликации произведени од надворешни соработници, но ретко имаат познавање за дизајнирање и развој на комплексни софтверски решенија.

Во оваа дигитална ера единствен логичен пат при оптимизација на деловни процеси е автоматизација на истите со високо-достапни софтверски решенија. За ваков вид на развој треба да формирате цел сектор со искусни програмери водени од уште поискусни софтверски инженери. Треба да организирате интервјуа, да обезбедите канцелариски простор и хардверска инфраструктура и да купите софтверски лиценци... Сето ова не ништо освен голема главоболка и оддалечување од вашата примарна дејност. А што се случува кога вашиот тим на високо платени експерти ќе го заврши развојот на потребниот систем?

 

Како можеме да ви помогнеме?

Ние можеме да ги обезбедиме експертите, опремата и експертизата која ви е потребна за развој на апликацијата додека вие се концентрирате на вашата примарна дејност. Нашиот тим од  експерти се искусни во преземање на оптимизација на деловни процеси преку развој на автоматизирани решенија. На овој начин можете да најмите повеќе ресурси со поголемо познавање, редуцирајќи времето за излегување на пазарот(time to maket), зголемувајќи го капацитетот за иновации и најважно да останете фокусирани на вашиот бизнис.

Новости

4ward.mk Бета

Следејќи го развојот на комплетно нов бренд идентитет на нашата компанија, направивме целосен редизајн и подобрување на функционалноста на нашиот веб сајт. »»

Новиот имиџ на нашиот бренд

Како што детето поминува низ различни фази од раѓање до адолесценција, така и секоја компанија поминува низ процес на развој. Низ својот развоен пат 4Вард растеше, а со тоа растеше и нашето знаење и експертиза. »»

Кариера во 4вард

Без разлика дали се пријавувате преку оглас за вработување или самоиницијативно, ние секогаш бараме таленти, иновативни луѓе кои се посветени на развој на себе си и стремење кон перфекција. Креирајте персонален профил и уплодирајте свое CVили ако веќе имате логирајте се и ажурирајте ги вашите информации

v4.0 Beta