Техничка подршка
Техничката поддршка обично е поделена во нивоа, со цел подобро да се услужи одредена бизнис или корисничка база. Бројот на нивоа кои еден бизнис ги користи за да го организира својот тим за техничка поддршка зависи од потребите и мотивацијата, но во релација со капацитетот за обезбедување соодветна услуга на своите клиенти или корисници. Причината за обезбедување на систем за поддршка во повеќе нивоа наместо една генерална група за поддршка е да се обезбеди најдобра услуга на најефективен начин.
Вообичаена структура за поддршка е системот со три нивоа на техничка поддршка:
· Ниво 1: Ова е иницијалното ниво на поддршка, одговорно за основни проблеми на клиентите.
· Ниво 2: Ова е подлабоко техничко ниво на поддршка од првото ниво и има поискусен и персонал подлабоко запознаен со одреден производ или услуга.
· Ниво 3: Ова е највисокото ниво на поддршка во моделот за поддршка од три нивоа и е одговорно за справување со најкомплексните и напредни проблеми.
Кога се работи со софтвер направен по нарачка, компаниите вообичаено имаат капацитет и познавање да го обезбедат првото ниво на поддршка за нивните муштерии, додека второто и третото побаруваат подлабоко техничко познавање.
Како можеме да ви помогнеме?
Ние можеме да работиме со вас на:
· Обезбедување на второ и трето ниво на техничка поддршка.
· Поставување и одржување на систем за поддршка (комуникациски капацитети).
· Изградба на автоматизирана платформа за поддршка (изградба на база на знаење) за редуцирање на трошоците.
· Дефинирање на комуникациските текови.